Корисничко име Лозинка Пријави се
10.4.2017

Вестбрук влезе во легендите со 42-от трипл-дабл

Расел Вестбрук, плејмејкерот на Оклахома Сити тандерс, влезе во историјата на НБА-лигата како играч со најмногу натпревари со трипл-дабл во една сезона – 42.

На четири минути пред крајот на натпреварот со Денвер нагетс, Вестбрук стигна до десеттата асистенција, а веќе имаше 37 поени и 14 скокови.
Вестбрук го надмина 55 години стариот рекордер, легендарниот Оскар Робертсон од сезоната 1961/62.
Биг О таа сезона просечно бележел по 30,8 поени со 12,5 скокови и 11,4 асистенции за Синсинати Ројалс (претходноците на Кингс), додека Рас има просек од 31,7 поени, 10,7 скокови и 10,4 асистенции по натпревар за Тандерс.
Вестбрук во кариерата сега има 80 натпревари со трипл-дабл, четврти е на сите времиња пред Вилт Чемберлен, зад Џејсон Кид (1-7), Меџик Џонсон (137) и Робертсон (181).
Тој натпреварот против Денвер го заврши со 50 поени, 16 скокови и десет проигрувања и со тројката при звукот на сирената им донесе победа на Тандерс со резултат 106:105.