Корисничко име Лозинка Пријави се
11.5.2016

Вестбрук и Оклахома направија нов брејк против Сан Антонио

Кошаркарите на Оклахома сити тандерс го совладаа Сан Антонио со 95:91 и поведоа со 3-2 во одличната полуфинална серија на Западот во НБА плеј-офот.

Спарси го доживеаја вториот пораз по ред на домашен терен во оваа серија, откако во регуларниот дел од сезоната имаа само еден.
Сан Антонио на чекор до елиминацијата ги доведе Расел Вестбрук со фантастичната партија од 35 поени, 11 скокови и 9 асистенции.
„Играше како манијак, нè носеше, го диктираше нашиот ритам на игра, го напаѓаше обрачот, погодуваше скок-шут и погодуваше тројки. Кога го прави тоа многу е опасен бидејќи одбраната се обидува да го заштити обрачот, а тој погодува и од дистанца“, изјави Кевин Дурант.
Дурант натпреварот го заврши со 23 поени, 6 скокови и 5 асистенции, додека Стивен Адамс додаде12 поени со 11 фатени топки.
Најдобар во редовите на Спарси беше Кавај Ленард со 26 поени, 6 скокови, 5 украдени топки и 4 асистенции, но не успеа да го фаулира Вестбрук на 6 секунди пред крајот кога играчот на Тандерс погоди со дополнително фрлање поради фаулот на Олдриџ, со што натпреварот беше решен.
„Му побегна, го нападна обрачот и доби дополнително фрлање. Ужасен крај. Не сум ја гледал снимката, не знам каков беше фаулот, но тоа не е поентата. Требаше во тој момент да бидеме во подобра ситуација, како во текот на поголемиот дел од натпреварот. Имавме неколку шанси да стекнеме добра предност, имаа неколку тешки шутови, а ние не успеавме да ги искористиме“, изјави Ману Џинобили.
Шестиот натпревар ќе се игра во Оклахома Сити во петок наутро, а Сан Антонио само еднаш во историјата направи пресврт 2-3 во плеј-офот во 2008 година против Њу Орлеанс.

 

Најнови вести