Корисничко име Лозинка Пријави се
25.5.2016

Вестбрук ги победи Вориорс, Тандер е близу до финалето

Оклахома Сити тандерс ги победи Голден стејт вориорс со 118:94 и поведе со 3-1 во финалето на Западот во НБА плеј-офот.

По изедначената прва четвртина (30:26), Тандер во втората четвртина ја зголеми предноста на 15 поени разлика, а со тоа ја одржуваше предноста до последната четвртина во која Вориорс постигнаа дури 12 поени што ја олесни завршницата на домаќините.
Тандерс е на чекор од финалето во НБА лигата, а таму го доведе Расел Вестбрук остварувајќи го својот прв трипл-дабл во плеј-офот и постигна 36 поени со 11 скокови и асистенции.
Како и вообичаено го пратеше Кевин Дурант со 26 поени и 11 фатени топки, а одлична улога имаше и Андре Роберсон со 17 поени и 12 скокови.
„Секој натпревар го играм како да ми е последен, без оглед кој е на другата страна. Тоа ми е работа, исто како што ми е работа да се грижам за тимот...“, изјави Вестбрук.
Вориорси по рекордниот регуларен дел во сезоната за прв пат доживеаја два порази по ред, па ноќта меѓу четврток и петок ќе мораат да играат на сè или ништо за да ја избегнат елиминацијата.
Најефикасни во тимот на Голден стејт беше Клеј Томпсон со 26 поени, додека Стефен Кари постигна 19 поени, погодувајќи само 6 од 20 шутеви од игра.
„Сакаме и мораме да се вратиме во оваа серија. Добрата вест е дека сега одиме дома. Очигледно е дека на домашен терен играме добро. Идејата е да ги победиме на домашен терен, делумно да се вратиме во оваа серија, па ќе видиме што ќе биде понатаму“, изјави тренерот на Голден стејт, Стив Кер.

Најнови вести