Корисничко име Лозинка Пријави се
13.6.2012

Дурант го растури Џејмс за 1-0

Екипата на Оклахома Сити тандерс поведе во финалната серија на НБА-лигата со победата над Мајами хит од 105:94 (22:29, 25:25, 27:19, 31:21) на својот паркет.

Кевин Дурант блескаше во дебитантскиот настап во финалето со 36 поени (12/20 од игра) и 8 скокови, а одлично го следеше Расел Вестбрук со 27 поени, 11 асистенции и 8 скокови.
Леброн Џејмс беше најдобар во тимот на Мајами со 30 поени (11/24) и девет скокови, додека Двејн Вејд постигна 19 поени и 8 асистенции.
Како и што се очекуваше, дуелот Тандерс и Хит беше судир на најдобриот стрелец на лигата, Дурант, и најкорисниот играч на лигата, Џејмс.
Сите се прашуваа кој од нив двајца ќе го понесе тимот во клучните моменти, а иако многумина се сомневаа во искуството на Дурант, тој, всушност, во последната четвртина ги расчисти ривалите.
Тој беше незапирлив и постигна 17 од 36 поени во последниот период и ја одведе екипата до првиот триумф во финалето, откако тимот се пресели од Сиетл во Оклахома во 2008 година и стана Тандер.
Дурант имаше одлична поддршка од Вестбрук, тие двајцата во второто полувреме сами го надиграа Мајами со 41:40. Од друга страна, Џејмс од 30 поени, што е негов рекорд во финална серија, постигна само еден кош во последните минути.

Најнови вести