Корисничко име Лозинка Пријави се
13.5.2016

Дурант и Вестбрук ќе одат против Кари и Томпсон

Кошаркарите на Оклахома сити Тандерс се пласираа во финалето на западната конференција од плеј-офот на НБА лигата.

Оклахома Тандерс помалку неочекувано беа подобри од вториот најдобар тим во лигата од регуларниот дел на сезоната, Сан Антонио спарс со 4-2 во серија.
Во последниот натпревар Тандерс го победи Сан Антонио со 113:99 и така постигнаа две неочекувани победи во Тексас.
Прашањето за победникот беше решено во средината на натпреварот кога Тандерс со серија од 42:12 го откажа домаќинот.
Блескаше Кевин Дурант со 37 поени и 9 скокови, а вообичаено го следеше Расел Вестбрук со 28 поени и 12 асистенции.
Одлична поддршка имаа од центарот Стивен Адамс кој постигна 15 поени со 11 скокови, 14 поени додаде Андре Роберсон, додека Серж Ибака реализираше 8 поени со 10 фатени топки.
Од другата страна, Кавај Ленард повторно беше најдобар играч на Сан Антонио со 22 поени, 9 скокови и 5 асистенции, Тим Данкан даде 19 поени, а Ламаркус Олдриџ додаде 18 поени со 14 скокови.
Тандерс во финалето на Западот ќе игра со бранителот на титулата Голден стејт, серијата започнува во понеделник во Оукленд.

Најнови вести