Корисничко име Лозинка Пријави се
06.2.2012

Кенјон Мартин се врати во НБА

Кенјон Мартин по повеќемесечна пауза повторно ќе игра во НБА-лигата.

Бидејќи имаше понуди од пет клубови, искусниот 34-годишен крилен центар се одлучи да ги прифати условите на Клиперс и да ја засили перспективната екипа од Лос Анџелес.
ФИБА одлучи Мартин, по истекувањето на договорот со Ксинјанг, да нема пречки да се врати во најсилната лига во светот. Според пишувањата на медиумите во САД, еден од главните адути за доведувањето на Мартин во ЛА клиперс бил Чонси Билапс, неговиот поранешен соиграч во Денвер.
Договорот е потпишан на една година, а според некои информации, Мартин ќе заработи 2,5 милиони долари.

Најнови вести