Корисничко име Лозинка Пријави се
19.12.2011

И Дејвис гo засили Њујорк

Њујорк доби уште едно сериозно засилување - искусниот плејмејкер Бајрон Дејвис.

Тој беше слободен играч откако го раскина договорот со Кливленд, а Лејкерс и Мајами беа сериозно заинтересирани за неговите услуги.
Проблем за Њујорк ќе биде повредата на грбот која Дејвис веќе подолго ја влече и ќе мора да паузира најмалку уште два месеци. Според првите информации, тој потпишал едногодишен договор вреден 2,5 милиони долари.
Дејвис беше доведен на местото на Чонси Билапс, кој замина во Лос Анџелес клиперс, кои одеднаш станаа најинтересната екипа во НБА-лигата.

Најнови вести