Корисничко име Лозинка Пријави се
27.1.2016

Грифин ја скрши раката во тепачката со менаџерот на Клиперс

Блејк Грифин, еден од најдобрите играчи на Лос Анџелес клиперс, ја скрши раката со која шутира во тепачка со членот од стручниот штаб, Матијас Тести.

Иако добри пријатели до сега, физички се пресметале на заедничката вечера во еден ресторан. Грифин во тепачката го извлекол подебелиот крај, има скршеница на коските на дланката, а Тести кој инаку е и менаџер на екипата се здоби со повреди на лицето.
Управата на клубот остро го осуди овој инцидент и најави истрага и остри казни. Тренерот на Клиперс Док Риверс изјави дека не му е јасно што се случило.
„Тие се добри пријатели, не ми е јасно што се случило, но не сум среќен поради сето ова“, изјави Риверс.