Корисничко име Лозинка Пријави се
15.12.2011

Крис Пол трејдуван во Лос анџелес Клиперс

Њуорлеанс го испрати својот најдобар играч во Калифорнија, во Лос анџелес клиперс, како размена и за него ги доби репрезентативецот на Америка, Ерик Гордон, репрезентативецот на Германија, Крис Каман, Ал-Фарук Амини и првиот пик на Минесота во првата рунда од одвогодинешниот драфт.

Кол има дваесет и шест години и четирипати беше дел од Ол-стар натпреварот, а минатата сезона имасе учинок од 18,7 поени и 9,8 асистенции по натпревар. Со оваа размена дефинитивно е направен усште еден сериозен тандем во лигата, затоа што Пол ќе игра заедно со центарот Крис Блејк, кои би требало да имаат фантастична соработка.
Грифин минатата сезома, која беше негова прва во НБА лигата, имаше просек од 22,5 поени и повеќе од 12 скокови по натпревар.
Најголемо засилување Њуорлеанс, добија во Ерик Гордон, кој исто така минатата сезона имаше скор од 22,3 поени. Но, Гордон, не е задоволен од трејдот.
„Луѓето од огрнаизацијата ми говореа дека најверојатно ќе останам во Лос анџелес. Но, повеќе не знете на кому да му верувате. Едноставно, така е како што е. Малку ми е тешко да го проголтам ова, но јас сум професионалец и нема да се налутам“ – рече Гордoн.

Најнови вести