Корисничко име Лозинка Пријави се
12.12.2011

Одом го засили шампионот Далас

Ламар Одом, првотимецот на Лос Анџелес лејкерс, во претстојната сезона ќе го носи дресот на актуелниот шампион Далас маверикс.

Тој потпиша едногодишен договор според кој ќе заработи 8,9 милиони долари.
Со тоа тимот од Тексас најде замена за Тајсон Чендлер, кој отиде во Њујорк никс, и Кирон Батлер, кој го засили Лос Анџелес клиперс.
Претходните седум сезони Одом беше еден од клучните играчи на Лос Анџелес лејкерс, со кого освои две шампионски титули во НБА-лигата.
Во текот на 12-годишната кариера во просек на натпревар постигнуваше по 14, 6 поени, 8,6 скокови и четири асистенции.

Најнови вести