Корисничко име Лозинка Пријави се
09.2.2016

Курт Рембис е новиот тренер на Њујорк

Њујорк го раскина договорот со Дерек Фишер и за нов тренер го именуваа Курт Рембис.

Претседателот на најбогатиот НБА тим Фил Џексон обелодени дека дојде до прекин на соработката со Фишер, кој на клупата беше од 10 јуни 2014 година, и за тоа време има постигнато резултат од 40-96.
Рембис е дваесет и седми тренер во франшизата на Њујорк никс, претходно го водеше тимот на Минесота тимбервулфс во две сезони и имаше постигнато резултат од 56-145.
Рембис ја почна својата играчка кариера токму во Никс, кои во 1980 година го избраа како 58-ми пик во третата рунда на НБА драфтот.
Њујорк никс имаат резултат од 23-31 и во моментов се наоѓаат на 12-тото место во Источната конференција и се борат за плеј-офот.