Корисничко име Лозинка Пријави се
28.3.2012

Крај на сезоната за Стадемаер

Од Њујорк никс објавија дека до крајот на сезоната во НБА ќе бидат без помошта на Амари Стадемаер.

Центарот на екипата поради повреда на грбот веќе го пропушти мечот со Милвоки во понеделникот. Снимките утврдија дека му е пукнат дискот, а центарот овие денови ќе посети една клиника во Мајами каде што ќе побара мислење од друг специјалист. Во најлош случај, Амари ќе биде надвор до крајот на сезоната по што ќе биде подложен на операција. Сепак, има шанси, иако мали, да се врати на паркетот и да ѝ помогне на екипата до крајот на сезоната и во плејофот.
Покрај Стадемаер, Њујорк никс моментно е и без Џереми Лин, кому му отече коленото. Двајцата се повредија во саботата, во победата против Детроит од 101:97.
Њујорк никс е осми во Источната конференција, со 25 победи и исто толку порази.

Најнови вести