Корисничко име Лозинка Пријави се
06.2.2014

Бекам и официјално сопственик на клуб во МЛС

Како што се најавува подолго време, Дејвид Бекам веќе стана сопственик на клуб во МЛС-лигата, и тоа во Мајами.

Бекам, кој играше за Лос Анџелес галакси од 2007 до 2012 година, заедно со комесарот на МЛС-лигата Дон Гарбер, го соопшти договорот, но сè уште не е познато кога ќе биде изграден стадионот и кога Мајами ќе ѝ се приклучи на лигата.
„Цениме сè што направи Дејвид како играч, тој е амбасадор и глобална икона која помогна да се развие МЛС-лигата. Воодушевени сме што тој ќе биде сопственик и се радуваме што ќе му помогнеме“, изјави Гарбер.
Бекам изјави дека не очекува никаква помош од градот.
„Сакам да направам клуб кој мене ќе ми претставува навистина многу. Многу работев во текот на целата кариера и ќе продолжам да работам за овој град. Знам дека Мајами е спремен за фудбал и дека овој проект ќе биде успешен. Не сакаме никаква помош од градот. Клубот ќе го финансираме сами. И стадион ќе направиме сами. Има многу интересни луѓе кои инвестираат во клубот. Тука ќе има многу повеќе убави моменти отколку тешки“, изјави Бекам и додаде:
„Сакаме да доведеме некои од најдобрите играчи во Мајами. Среќен сум дека големи играчи веќе се заинтересирани за трансфер. Ова е голем проект“.

Најнови вести