Корисничко име Лозинка Пријави се
15.2.2013

Бекам утре ќе дебитира за ПСЖ

Поранешниот капитен на англиската репрезентација Дејвид Бекам во средата тренираше прв пат со своите нови соиграчи, две седмици откако беше претставен како ново засилување за парискиот клуб.

Tренерот на водечкиот клуб во француската Лига 1, Карло Анчелоти, соопшти дека Англичанецот нема да конкурира за првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите против Валенсија на „Месталја“ поради тоа што не е доволно физички подготвен.
Италијанскиот стручњак најави дека Бекам ќе дебитира овој викенд, на гостувањето на ПСЖ кај Сошо, или следниот викенд во големото француско дерби против Марсеј.
Француските медиуми, кои со голем интерес го следеа првиот тренинг на Бекам, дознале од спортскиот директор на клубот, Леонардо, дека англискиот ветеран ќе дебитира утре и дека најверојатно во игра ќе влезе од клупата.

Најнови вести