Корисничко име Лозинка Пријави се
06.6.2014

Повреда на Леброн Џејмс во поразот од Сан Антонио

Леброн Џејмс, најдобриот играч на Мајами хит, на средината од последната четвртина мораше да го напушти првиот натпревар од финалната серија на НБА-лигата со Сан Антонио.

Климатизацијата во салата не работеше, температурата достигна до 32 степени, а жештината најлошо ја поднесе Џејмс, кого го фатија грчеви.
„Најдобра опција за мене беше да не се движам. Се обидував, но грчевите стануваа посилни со секој чекор. Ја зафатија целата лева нога, речиси целата лева страна“, изјави Џејмс.
„На теренот ја загубив целата течност што ја внесов последните денови, дури на полувремето го сменив и дресот. Ужасно е чувството кога не можеш да ѝ помогнеш на екипата, особено во овој дел од сезоната“, додаде кошаркарот на Мајами хит. 
До неговото излегување, Мајами водеше, а потоа играта на Хит целосно се распадна и Сан Антонио дојде до убедлива победа од 115:90.
„По натпреварот се чувствувам подобро, се обидов и да се вратам, но тренерот ми рече ’не’. По натпреварот, грчевите престанаа. Фрустриран сум“, изјави Џејмс.

Најнови вести