20.11.2013 Рекордна ноќ на Антиќ против шампионот
Перо Антиќ, поранешниот капитен на македонската репрезентација и член на Атланта, го одигра најдобриот натпревар досега во НБА лигата и постигна за него рекордни 12 поени против Мајами хит, а неговата екипа го забележа петтиот пораз оваа сезона.
По паузата од два натпревари, Антиќ одлично одигра против актуелниот шампион Мајами хит, кој го доби натпреварот со 104:88.
За 15 минути поминати на паркетот, Антиќ имаше учинок од 12 поени (4/8 од игра, 2/3 за три поени, 2/3 од слободни), четири скокови и две украдени топки. Покрај тоа што беше ефикасен, тој одлично одигра и во одбраната.
Антиќ беше втор стрелец во тимот заедно со Хорфорд, а прв беше Скот со 15 постигнати поени. Во тимот на Мајами најдобри беа: Бош со 19, Ален со 17 и Леброн Џејмс со 13 поени.