Корисничко име Лозинка Пријави се
18.4.2013

Реал го прескокна Јунајтед на листата најбогати клубови

Шпанскиот гигант Реал Мадрид го прескокна англискиот Манчестер јунајтед на списокот на најбогати фудбалски клубови на светот, кој официјално го објавува американскиот финансиски магазин „Форбс“.

Вкупната вредност на клубот од Мадрид, кој од клупата го предводи Жозе Мурињо, а на теренот Кристијано Роналдо, е проценета на 3,3 милијарди долари, што е за 76 отсто повеќе во однос на минатата година (1,88 милијарди долари).
Првпат од 1994 година Јунајтед падна на второто место, иако вредноста од минатогодишните 1,86 му порасна на 3,17 милијарди долари.
На третото место се проби Барселона, која минатата година беше петта со богатство од милијарда долари, а сега вреди 2,6 милијарди, што може да се рече дека одличните игри на фудбалерите на каталонскиот клуб и тоа како влијаат на вредноста на овој клуб.
Потоа следуваат: Арсенал (1,33 милијарди), Баерн Минхен (1,31 милијарда), Милан (945 милиони), Челзи (901 милион), Јувентус (694 милиони), Манчестер сити (689 милиони) и Ливерпул (651 милион).
Кога станува збор за фудбалерите, и понатаму најбогат е Дејвид Бекам со 50,6 милиони долари, а потоа следуваат Кристијано Роналдо со 43,5 милиони и Лионел Меси со 40,3 милиони долари.

Најнови вести