Корисничко име Лозинка Пријави се
18.2.2015

Бекам: Фиго вистинска личност за ФИФА

Славниот англиски фудбалер Дејвид Бекам изјави дека ја поддржува кандидатурата на Луис Фиго, неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, за претседател на Светската фудбалска федерација.

Бекам изјави дека на владејачкото тело на светскиот фудбал му е потребна личност која има страст кон играта и дека максимално го поддржува во кандидатурата.
„Која било успешна организација во своите редови мора да има човек кој има страст кон играта. Мислам дека Фиго е вистинската личност за ФИФА“, изјави Бекам.
Фиго е единствен поранешен фудбалер кој на мајските избори за претседател на ФИФА ќе се бори за тоа место. Покрај него, кандидати за претседател се уште: Михаел ван Праг, Принц Али бин ал-Хусеин и моментно првиот човек на таа организација - Сеп Блатер.
Изборите ќе се одржат на 29-ти мај, а ќе гласаат 209 национални сојузи членови на ФИФА на конгресот во Цирих.

Најнови вести