Корисничко име Лозинка Пријави се
11.6.2014

Џексон го доведе Фишер на клупата на Никс

Њујорк никс најде замена за Мајк Вудсон, кој доби отказ на крајот на регуларниот дел од сезоната. Директно од спортска опрема во одело ќе се најде 39-годишниот Дерек Фишер, кој, според пишувањата на американските медиуми, договорил петгодишна соработка со Нујорк никс вредна 25 милиони долари.

Фил Џексон, претседателот на Њујорк никс од оваа сезона, не успеа да го ангажира Стив Кер, кој му беше прва опција, па наместо играчот кого го тренираше во златниот период на Чикако булс, ангажира уште еден играч со кого ги делеше шампионските денови, но во Лејкерс.
Фишер минатата сезона, последна во кариерата како играч, ја заврши во редовите на Оклахома, и од наредната натпреварувачка кампања ќе почне да ја извршува функцијата тренер.
Според наводите на американските медиуми, на Фишер во стручниот штаб ќе му помагаат добро познатите Бил Картрајт и Курт Рембис. Сите тројца со години играа кај Џексон, или му беа асистенти, па се очекува дека Њујорк никс под водство на новиот тренер ќе го промени стилот на играта и ќе заигра напаѓачки во познатиот триаголник, кој беше заштитен знак на шампионските генерации на Чикако булс и Лос Анџелес лејкерс под команда на „Зен Мастер“.