Корисничко име Лозинка Пријави се
04.10.2012

Валас од пензија право во Њујорк никс

Њујорк никс вчера добија големо засилување во крилниот центар Рашид Валас, кој се враќа на теренот по двегодишна пауза.

Триесет и осумгодишниот кошаркар, кој последен пат настапуваше за Бостон селтикс во сезоната 2009/10, потпиша договор со Њујорк никс, но деталите не се објавени.
Валас во текот на 15 сезони во НБА-лигата постигнуваше во просек по 14,6 поени и 6,7 скокови по натпревар.
Четирикратниот Ол стар-играч во текот на кариерата често влегуваше во судир со судиите, но е познат како многу добар соиграч и разновиден играч.
Тој во 2004 година беше еден од клучните играчи во освојувањето на титулата со Детроит пистонс.
Валас на клупата ѝ се придружи на речиси старата постава на Њујорк никс, меѓу која се Курт Томас (40), Џејсон Кид (39) и Маркус Кемби (38).

Најнови вести