Корисничко име Лозинка Пријави се
29.11.2012

Дерек Фишер ќе го засили Далас маверикс

Искусниот плејмејкер сепак ќе се врати на паркетот и ќе потпише ветерански договор за Далас маверикс.

Фишер во текот на 16-годишната кариера во НБА два пати играше за Лос Анџелес лејкерс,со кого пет пати ја освои титулата, а настапуваше и за Голден стејт вориорс, Јута џез и кратко за Оклахома Сити тандерс.
Далас е во проблеми откако вчера играше без Дарен Колисон, кој беше стартер на 14 натпревари во оваа сезона, но во вторникот на мечот против Филаделфија го повреди прстот на раката.
Тимот од Тексас ноќеска доживеа тежок пораз од Чикаго булс со 101:78, по што тренерот Рик Карлајл откри дека Фишер ќе потпише за тимот.
Фишер со настапот за Далас ќе стане петти играч по број на настапи во НБА-лигата. Во текот на кариерата просечно бележеше 8,6 поени, 3,1 асистенција и 2,1 скок.
Далас сè уште чека на теренот да се врати првата ѕвезда на тимот, Дирк Новицки, кој закрепнува од операцијата на десното колено, па скорот од 7-9 и не е толку лош. Поради доаѓањето на Фишер, Далас маверикс ќе мора да раскине договорот со еден играч.