Корисничко име Лозинка Пријави се
19.12.2014

Рондо и официјално во Далас

Од Далас маверикс соопштија дека го комплетирале трансферот на Реџон Рондо, првата ѕвезда на Бостон селтикс, во Тексас.

Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кон Бостон ќе тргнат Џамир Нелсон, центарот Брендан Рајт и Џеј Краудер, со опција за избор и на два пика на следните два драфта, во првата во 2015 и во втората рунда во 2016 година – во замена за одличниот плеј од Масачусетс.
Веќе една година се шпекулира за трансферот на најдобриот играч на Селтикс, бидејќи на Рондо следното лето му истекува договорот. Тој оваа сезона има просек од 8,3 поени, 10,8 асистенции и 7,5 скокови по натпревар.
„Времето поминато во Бостон неверојатно ми значеше. Се разделив со овој град – и како играч и како личност. Тоа што го чувствувам кон најверните и најдобрите навивачи во Лигата не може да се доживее никаде повеќе. Соиграчите ми даваа само љубов и поддршка во текот на последните неколку сезони, тие се едни од највредните и најупорните момчиња што ги знам и со коишто играв и им посакувам сè најдобро. Среќен сум затоа што ги доживеав најуспешните, а во исто време најнапорните, години во Селтикс. Можноста да играм со момчиња какви што се Дирк, Монт и Тајсон и млад талент каков што е Чендлер сама по себе е возбудлива. Многу сум возбуден и едвај чекам да создадеме нешто возбудливо во Далас“, напиша Рондо на својот профил на „Фејсбук“.
Рондо од 2010 до 2013 година беше учесник во Ол-стар натпреварите, додека во 2009, 2010, 2011 и 2012 беше член на најдобриот дефанзивен тим на лигата. Со Бостон беше шампион во 2008 година. Одигра 527 натпревари во досегашната кариера во НБА-лигата, со просечно 11 поени, 8,5 асистенции, 4,7 скокови и 1,9 скокови.

Најнови вести