Корисничко име Лозинка Пријави се
02.4.2012

Џереми Лин заврши за оваа сезона

Бајката на Џереми Лин е завршена – барем за оваа сезона. Од Њујорк никс соопштија дека момчето по потекло од Тајван поради операција на коленото остатокот на сезоната ќе го помине во улога на навивач.

Кошаркарот кој оваа сезона беше одличен има хронични проблеми со менискусот, кој е оштетен, па по препорака на лекарите тој здравствен проблем ќе го реши со оперативен зафат. Според првите процени, на теренот ќе се врати за шест седмици. Лин повторно би можело да го видиме во игра оваа сезона само во случај Њујорк, кој се бори за учество во плејофот, да дотурка до крајот.
Џереми Лин оваа сезона 25 пати беше стартер, имаше 18,2 поени по натпревар, 7,6 асистенции, но и 4,7 изгубени топки.

Најнови вести