Корисничко име Лозинка Пријави се
14.12.2015

Милвоки бакс ја прекина низата на шампионот

Кошаркарите на Голден стејт вориорс го доживеаја својот прв пораз од почетокот на сезоната, откако во саботата беа поразени на гостувањето кај Милвоки бакс со 108:95.

Крајот на низата на актуелниот шампион дојде по 24 натпревари, а Милвоки во тој дуел го оствари десеттиот триумф оваа сезона.
Бакс до големиот триумф ги предводеше Грег Монро со 28 поени, 11 скокови и пет асистенции, додека пак Џабари Паркер додаде 19 поени и седум скокови. О’Џеј Мејо имаше 18 поени, еден повеќе од Мајкл Картер-Виклијамс, а Јанис Адетокумбо стана најмладиот играч во историјата на Милвоки со 11 поени, 12 скокови и десет асистенции.
Стефен Кари на натпреварот заврши со 28 поени, седум скокови и пет асистенции, имаше нешто полоша ноќ отколку обично, во текот на мечот имаше 10/21 шутод игра. Дрејмонд Грин запиша 24 поени, 11 скокови и пет асистенции, но тоа не беше доволно да ја продолжат низата победи.

Најнови вести