Корисничко име Лозинка Пријави се
22.12.2015

Милвоки бакс без тренерот Кид

Како Голден стејт вориорс така и Милвоки бакс некое време ќе биде без првиот тренер Џејсон Кид.

Кид ќе мора да замине на операција на колкот, кој доста го мачи во последниот дел од кариерата.
„Ме мачеше и претходните три до четири години, беше хронично, но сега е веќе неподносливо. Морав да ја изберам оваа опција и не знам кога ќе се вратам“, изјави Кид.
Под негово водство Милвоки стартуваа слабо со 11-18 оваа сезона, но и понатаму се единствениот тим кој го совлада Голден стејт вориорс, а минатата сезона имаа 41-41.

Најнови вести