Корисничко име Лозинка Пријави се
30.3.2018

Ајзеја Томас опериран – ќе отсуствува четири месеци

Ајзеја Томас, плејмејкерот на Лос Анџелес лејкерс, ќе отсуствува од теренот во наредните четири месеци поради операцијата на десниот колк, која му беше извршена во Њујорк, соопштија од клубот.

На искусниот плејмејкер мораше да му биде извршена хируршка интервенција поради повредата на колкот, која ја доживеа играјќи за Бостон селтикс минатата година.
Периодот на закрепнување ќе го помине во Сиетл и во Лос Анџелес, а од клубовите нагласија дека во наредните месеци ќе може да ги користи сите нивни објекти.
Томас оваа сезона одигра 32 натпревари за Лејкерс и за Кливленд кавалирс. Нема одиграно ниту еден натпревар од втори јануари. За тимот од Лос Анџелес во просек бележеше по 15,6 поени и пет асистенции.
Налето ќе стане слободен агент, но со оглед на повредата и долгото закрепнување, прашање е какви услови ќе му бидат понудени.

Најнови вести