Корисничко име Лозинка Пријави се
26.4.2016

Крис Пол ја заврши сезоната

Најдобриот играч на Лос Анџелес клиперс Крис Пол ја скрши коската на десната шака во поразот на својот тим од Портланд (98:84) во четвртиот натпревар од првата рунда во плејофот.

Пол го чуваше Џералд Хендерсон и доживеа фрактура на третата метакарпална коска, па поради оваа повреда повеќе нема да игра до крајот на сезоната.
„Не изгледа добро за него“, изјави тренерот на Клиперс, Док Риверс.
Исто така се повреди и Блејк Грифин,кој ја обнови повредата поради која го пропушти поголемиот дел од сезоната, но за среќа не е толку сериозно. По дополнителните испитувања ќе се констатира дали ќе му следува пауза и колкава.