Корисничко име Лозинка Пријави се
28.4.2016

Вориорси без Кари го поминаа Хјустон

Голден стејт помина во втората рунда, додека Шарлот и Портланд водат со 3-2 против Мајами и ЛА Клиперс во првата рунда во плеј-офот.

Вориорси без Стефен Кари го победија Хјустон со 114:81 и со 4-1 го добија ривалот од минатогодишната финале во конференцијата. 
Клеј Томсон блескаше со 27 поени, погоди седум тројки, 16 поени постигна Шон Ливингстон, додека пак Демонд Грин постигна 15 поени со 9 скокови и 8 асистенции.
Од друга страна пак на Рокитс не им помогнаа ни 35-те поени со 6 скока и асистенции на Џејмс Харден бидејќи останатите играчи потфрлија.
Вориорси сега ги очекува расплетот на дуелот меѓу Портланд и Клиперс, во кој тимот од Орегон води со 3-2. Портланд ја искористи повредата на Крис Пол и Блејк Грифин и славеше во Лос Анџелес со 108:98.
Предводени беа од Си Џеј Меклаум со 27 поени, додека Демијен Лилард постигна 22 поена, од кои 16 во последната четвртина.
Најдобар кај Клиперси беше Џеј Џеј Редик со 19 поени, а Џеф Грин и Џамал Крофорд по 17, Деандре Џордан постигна 16 поени со 17 скокови. 

Најнови вести