Корисничко име Лозинка Пријави се
01.5.2012

Рондо суспендиран два меча

Раџон Рондо, бекот на Бостон, е суспендиран на два натпревари поради контактот со судијата во текот на првиот натпревар од плејофот против Атланта.

Рондо на 41 секунда до крајот на натпреварот остро протестираше кај судијата Марк Дејвос поради една негова одлука, а потоа го оттурна со телото, поради што ја заработи и втората техничка грешка.
Одличниот бек на „келтите“ двете технички грешки ги заработи поради протестирање на судиските одлуки, досудувањето фаул на неговиот соиграч Брендон Бас во моментот кога Бостон губеше со резултат 78:74.
Суспензијата на Рондо не му се допадна на тренерот Док Риверс, кој и онака никако да ги има сите играчи здрави на располагање.
„Од натпреварувачка гледна точка, разочарани сме поради одлуката на лигата да го суспендира Рондо. Тој е многу важен дел од нашата игра. Ја прифаќаме казната“, рече Риверс, кој додаде дека и покрај суспензијата на плејмејкерот, нема да ризикува на паркетот прерано да го врати недоволно закрепнатиот Реј Ален.
Најдобриот шутер за три поени во НБА на сите времиња не играше на првиот натпревар поради болки во десниот глужд, повреда поради која ќе мора да замине на операција по завршувањето на сезоната.

Најнови вести