Корисничко име Лозинка Пријави се
18.2.2013

НБА Ол стар: Западот подобар од Истокот

Дурант и Грифин блескаа во победничката екипа, a МВП на вечерта е Крис Пол.

Водени од Кевин Дурант и Блејк Грифин, најдобрите кошаркари на Западната конференција, ги победија колегите од Источната конференција со резултат од 143:138 (31:26, 38:39, 39:39, 35:24). Дурант постигна 30 поени, а Грифин 19, и тоа девет од 11 обиди, но МВП на вечерта беше Крис Пол од поразената екипа, кој постигна 20 поени и имаше 15 асистенции.
„Му реков на Дурант на почетокот на првата четвртина: ’Човече, доколку тие ни го полнат кошот, ти само трчај напред, а јас ќе ти ја додавам топката, па решетај и ти’. Ова се натпревари каде што темпото е многу високо и мене ми се допаѓа“, изјави дефанзивниот играч на Лос Анџелес клиперс по натпреварот.
Кармело Ентони од Њујорк никс, бранејќи ги боите на Истокот, постигна 26 поени, а го следеа Двејн Вејд од Мајами со 21 и Леброн Џејмс со 19 поени.
Коби Брајант од Лос Анџелес лејкерс, досегашен трократен МВП, најмногу проблеми имаше со Леброн Џејмс.
„Воопшто не сум изненаден од него. Сè беше во добар дух. Само двајца момци коишто сакаат да се натпреваруваат. Беше баш забавно“, додаде Брајант.

Најнови вести