Корисничко име Лозинка Пријави се
07.2.2012

Крај на сезоната за Билапс

Чонси Билапс, бекот на Лос Анџелес клиперс, во дуелот со Орландо ја повреди Ахиловата тетива и за него оваа сезона е завршена.

Кошаркарот кој во овој клуб дојде во летниот преоден рок од Њујорк се повреди на шест минути пред крајот на натпреварот, го напушти теренот и повеќе не се врати во игра.
Билапс денеска ќе ги мине лекарските прегледи, но според сите досегашни сознанија, прогнозите не се баш охрабрувачки.
„Чонси заработи повреда на Ахиловата тетива, а колку е сериозна ќе знаеме откако ќе ги мине лекарските прегледи. Во секој случај ова е огромен хендикеп за нас“, изјави тренерот Вини дел Негро.
Соиграчите на Билапс по натпреварот изјавија дека нему му било многу тешко, дека во соблекувалната дури и заплакал. Арената во Орландо тој ја напуштил со помош на патерици и не бил расположен да им даде интервју на новинарите.
Во најлош случај, триесет и петгодишниот кошаркар ќе биде надвор од терените 12 или 16 месеци, што би можело да значи дека и продолжението на кариерата може да биде доведено во прашање.

Најнови вести