Корисничко име Лозинка Пријави се
19.2.2016

Ночерино кај Кака во Орландо

Италијанскиот играч за врска Антонио Ночерино, помина во редовите на МЛС лигата во Орландо пајратс, објави клубот од Флорида.

Ночерино неодамна го раскина договорот со Милан и го комплетираше трансферот во Орландо, каде повторно соиграч ќе му биде Кака.
„Ночерино е агресивен и тој е врска за сите задачи, сигурен сум дека е вистинско засилување за нас. Има големо искуство во играњето на високо ниво и ќе се обидеме да го искористиме тоа што може да се снаоѓа на повеќе позиции“, изјави тренерот на Орландо, Адријан Хет.
Ночерино имаше понуда и од ДС Јунајтед, но инсистираше на заминување во Орландо токму поради Кака.
Тој започна во Јувентус, а потоа настапуваше за Авелино, Џенова, Месина, Пјаченца, Палермо, Милан, Вест хем, Торино и Парма.
За репрезентацијата на Италија одигра 15 натпревари.

Најнови вести