Корисничко име Лозинка Пријави се
14.12.2011

Фернандес го засили Денвер

Шпанскиот репрезентативец Руди Фернандес како слободен играч потпиша договор со Денвер.

Фантастичниот бек минатата година беше дел од шампионскиот тим на Далас, во кој дојде од Портланд, но актуелниот шампион реши да го откупи неговиот договор и да го ослободи од обврските кон него.
Ваквиот потег на „телињата“ го искористи Џорџ Карл и во клубот од Колорадо го доведе дваесет и шестгодишниот Шпанец, зад кого стојат три сезони во најсилната кошаркарска лига во светот.
Пред некое време се претпоставуваше дека Фернандес ќе се врати во Реал Мадрид, чиј дрес го носеше за време на локаутот во НБА, но сега на сите тие шпекулации им е ставен крај. Во исто време Денвер успеа да го задржи и центарот Нене во своите редови.

Најнови вести