Корисничко име Лозинка Пријави се
22.2.2012

Крај на кариерата за Оден?

Грег Оден, еден од најголемите надежи на НБА, првиот пик од драфтот во 2007 година, ќе мора да оди на нова операција.

Оден, кому пред петнаесет месеци му беше извршена операција на левото колено поради микрофрактура, повторно мора да легне на операциската маса поради таа причина. Слична операција имаше и во 2007 година.
Примерот на Кенјон Мартин говори дека играч може да ја продолжи кариерата по тешка и сериозна повреда, но статистиката говори дека досега ниту еден играч не се вратил на теренот по три такви хируршки зафати.
Оден во кариерата одигра вкупно осумдесет и два меча, а веќе пет години се чека на негово враќање на терените, што сега се чини сè помалку извесно.