21.11.2011 Кинези го сакаат Бо Мекејлеб
Кинескиот кошаркарски клуб Ксинјанг флајинг тајгерс сака во своите редови да го доведе плејмејкерот на Монтепаски Сиена и на македонската репрезентација, Лестер Бо Мекејлеб.
Како што наведуваат американските медиуми, кинеската екипа сака да донесе
замена за повредениот Квинси Дауби, а во Мекејлеб гледа идеално решение.
Ксинјанг три пати во низа губи во финалето на кинескиот шампионат и сега
сака конечно да ја освои титулата. Мекејлеб се афирмираше со Партизан, каде што
играше во Фајнал форот на Евролигата, а со репрезентацијата на Македонија
стигна до најдобрите четири во Европа, каде што беше избран во најдобрата
петорка на првенството.
Во досегашниот дел од Евролигата тој во просек им 17,4 поени и 3,6
асистенции.