Корисничко име Лозинка Пријави се
15.5.2015

Леброн во финалето на Истокот, Хјустон го шокираше Лос Анџелес

Кливленд кавалирс се пласираа во финалето на Источната конференција, а серијата меѓу Хјустон и ЛА клиперс ќе биде решена во седмиот натпревар.

Кливленд на шестиот натпревар убедливо победија во Чикаго со 94:73 и со 4-2 во серијата обезбедија конференциско финале.
Леброн Џејмс по петти пат во серија ќе игра во финалето на Истокот, а на овој натпревар постигна 15 поени, 11 асистенции и девет скокови. Прв стрелец на Кавси беше Мет Делаведова кој на најдобар начин ја искористи укажаната шанса по повредата на Кајри Ирвинг и постигна 19 поени, со три тројки.
„Стејплс центарот“ остана шокиран после неверојатниот пресврт кој го направија Хјустон рокитс, кои после заостанување од 19 поени пред крајот на третата четвртина стигнаа до победа од 119:107 и се изборија за мајсторка на свој терен.
Кори Бруер и Џош Смит беа творци на фантастичниот пресврт на Хјустон на гостувањето кај ЛА клиперс. Со седумте поени Бруер ја намали разликата на десет коша, а Цмит со две трјки по ред ги пресече клиперси. Од тој момент Рокетси одиграа одлично во одбраната, а домаќинот не реализираше неколку зицери. Серијата од 18-0 на гостите го сврти резултатот, а во последната четвртина Бруер постигна 16, Смит 14 поени и двајцата мечот го завршија со 19 поени. Двајт Хауард допринесе со 20 коша, 22 скока и 2 две блокади, а Теренс Џонс додаде 16 поени.

Најнови вести