Корисничко име Лозинка Пријави се
28.5.2015

По 40 години: Голден стејт во финалето на НБА-лигата

Кошаркарите на Голден стејт вориорс се пласираа во финалето на НБА-лигата со четвртата победа над Хјустон рокитс за конечни 4-1 во финалето на Западната конференција.

Голден стејт конечната победа во финалето на Западната конференција ја оствари со убедливи 104:90 (17:22, 35:24, 22:22, 30:22).
Ова е прво финале за Вориорс од 1975 година, а за титулата ќе се бори со Кливленд кавалирс, којшто ја елиминира Атланта хокс на Истокот.
Голден стејт до големата победа го предводеше Стефен Кари со 26 поени, осум скокови, шест асистенции и пет украдени топки, додека, од друга страна, Џејмс Харден постигна само 14 поени, со два погодоци од игра и дури 13 изгубени топки.
Кари најдобро го следеа Харисон Барнс со 24 поени и Клеј Томпсон со 20. Барнс своите 13 поени ги освои во последната четвртина.
Во редовите на Хјустон најдобар беше Двајт Хауард со 18 поени и 16 скокови.
Првиот натпревар од големото финале на НБА-лигата се игра на четврти јуни во Оукленд.

Најнови вести