Корисничко име Лозинка Пријави се
13.3.2012

Хјустон без Лори еден месец

Хјустон рокитс остана без својот прв плејмејкер Кајл Лори најмалку еден месец бидејќи тој има проблеми со желудникот.

Одличниот организатор на играта се наоѓа во најдобра форма во кариерата, а по болките во стомакот, утврдено е дека има бактериска инфекција и дека ќе мора извесен период да мине во болница.
Најоптимистичките прогнози велат дека тој на паркетот би можело да се врати за две до три седмици.
Лори оваа сезона има просек од 15,9 поени, 7,2 асистенции и 5,3 скока по натпревар, што е далеку над неговиот просек во кариерата.
Хјустон се бори за место во разигрувањето за титулата во НБА-лигата, а во Западната конференција,засега ја има посакуваната осма позиција со скор од 22 победи и 20 порази.

Најнови вести