Корисничко име Лозинка Пријави се
26.4.2016

Голден стејт две седмици без Кари

Најдобриот играч во НБА лигата од минатата сезона Стефен Кари ќе паузира најмалку две седмици, шпекулираат американските медиуми.

Кари го повреди лигаментот на коленото на десната нога во четвртиот натпревар од првата плеј-оф рунда со Хјустон рокитс.
Најдобриот играч на тројки на НБА незгодно се лизна и го изврти коленото на крајот од првото полувреме во Тексас.
Кари само што се врати на паркетот по неколку дневна пауза поради повредата на глуждот во првиот натпревар во кој играше сè на сè 20 минути.
Вориорс водат 3-1 во серија против Рокитс, но без Кари секако би било помалку опасно за ривалите во продолжението, пред сè од психолошки аспект.

Најнови вести