Корисничко име Лозинка Пријави се
01.4.2013

Панатинаикос повторно го смени тренерот

Грчкиот гигант Панатинаикос договорно ја прекина соработката со шефот на стручниот штаб Фабрисијано Гонзалес и екипата до крајот на сезоната ќе ја води тренерот на помладите категории Јанис Вонортас.

Шпанскиот стручњак, познат по прекарот Фабри, екипата ја презеде на почетокот на јануари, но популарниот ПАО продолжи со разочарувачките резултати во оваа сезона.
Во саботата беше поразен на домашен терен од Платаниас (1-0) и по 27 кола е шестопласиран на табелата со неверојатни 35 бодови заостанување зад најголемиот ривал Олимпијакос, кој веќе ја обезбеди титулата.
Педесет и двегодишниот Вонортас е четврти тренер на клупата на Панатинаикос оваа сезона. Пред Фабри беа отпуштени Жезуалдо Фереира и Хуан Рамос Роча.

Најнови вести