25.4.2018 Панатинаикос отстранет од Европа на три години
Атинскиот Панатинаикос нема да може да настапува во европските натпреварувања во наредните три години, соопшти Европската фудбалска унија.
Панатинаикос е суспендиран поради долговите кон играчите, коишто претходно овој месец штрајкуваа бидејќи не им биле исплатени заработките уште од минатата година.
Дваесеткратниот шампион на Грција во декември минатата година доби опомена од УЕФА со обврска до први март да ги реши спорните долгови, но не успеа во тоа.
Најстариот грчки куб е казнет и од страна на грчката лига со одземање три бода поради долгот кон поранешниот дефанзивен играч Јенс Вемер, додека сега ќе мора да плати и казна од 100.000 евра.