Корисничко име Лозинка Пријави се
08.1.2013

Спортинг од Лисабон доби веќе трет тренер оваа сезона

Португалскиот фудбалски прволигаш Спортинг од Лисабон, го смени 56-годишниот тренер Франк Веркаутерен и на негово место го постави 66-годишниот Жезуалдо Фереира.

Во досегашните 13 кола на португалското првенство Спортинг оствари две победи и само со еден бод е оддалечен од зоната за испаѓање. Цената за лошите резултати на лисабонскиот клуб на крајот, очекувано, ја плати белгискиот стручњак, кој на клупата на Спортинг дојде пред помалку од три месеци, заменувајќи го Рикардо Са Пинто.
Фереира минатиот месец е именуван за спортски директор на Спортинг, но сега покрај таа функција, ќе ја извршува и тренерската работа. Искусниот стручњак од 2007 до 2009 година со Порто освои три шампионски титули на Португалија, а потоа ги тренираше Малага и Панатинаикос.

Најнови вести