20.4.2015 Олимпијакос владее цела деценија во Грција
Фудбалерите на Олимпијакос го заокружија децениското владеење во грчкиот фудбал освојувајќи ја 42-рата титула во историјата.
Клубот од Пиреја со убедлива победа од 4-0 над Левадијакос, на три кола пред крајот, ја потврди десеттата последователна шампионска круна на Грција.
На Олимпијакос овој викенд во прилог му беше и резултатот на најголемиот ривал Панатинаикос, кој беше поразен од Пантракикос со 2-1, па „зелените“ и дефинитивно останаа без шанси да направат чудо во последните три кола.
„Црвено-белите“ од Пиреја имаат дури 20 шампионски титули повеќе од ривалот од Атина. Клучен играч оваа сезона беше одличниот Аргентинец Алехадро Домингес, кој постигна 11 голови и шест асистенции во првенството. Прв стрелец на тимот е Костас Митроглу со 13 погодоци.
Во завршницата на првенството останува да се реши уште кои четири екипи ќе играат во плејофот за Лигата на шампионите и за Лигата на Европа, а моментно најблиски се ПАОК, Панатинаикос, Астерас и ПАС Јанина.
Ники Волос и ОФИ Крит одамна ги изгубија шансите да изборат опстанок, блиску им е и Ерготелис, додека во последните три кола за избегнување на четвртото место ќе се борат Платањас, Левадијакос, Пантракикос и Верија, а можеби и Паниониос.