Корисничко име Лозинка Пријави се
10.4.2018

Распад во Панатинаикос – фудбалерите стапија во штрајк

Фудбалерите на атинскиот Панатинаикос вчера не се појавиле на тренингот во знак на протест поради неисплатената заработка, пренесоа грчките медиуми.

Играчите на претседателот на клубот Василис Константину му порачале дека нема да тренираат додека не ги добијат заостанатите плати најмалку до декември минатата година.
Клубот до октомври платите ги исплатувал навреме.
Минатата недела грчката Суперлига на Панатинаикос му одзеде три бода бидејќи не му исплатил речиси 500 илјади евра на неговиот некогашен играч, Германецот Јенс Вемер.
По казната, Панатинаикос, кој 20 пати беше шампион на Грција, се наоѓа на 11-тото место на табелата.
Финансиските проблеми на клубот почнаа на почетокот на сезоната, кога богатиот сопственик Јанис Алафузос одлучил да го запре финансирањето.

Најнови вести