Корисничко име Лозинка Пријави се
13.6.2012

Обрадовиќ ќе го преземе Ефес?

Жељко Обрадовиќ повеќе не е тренер на Панатинаикос. Славниот стратег донесе конечна одлука да ги напушти редовите на „зелените“ по тринаесет години, колку што беше тренер на овој клуб.

Интересно е тоа дека медиумите во Грција повеќе се занимаваат со тоа каде ќе ја продолжи кариерата, отколку со тоа кој ќе биде негов наследник.
Според нив, Обрадовиќ се сели во Турција, каде што треба да потпише договор со Ефес. Исто така, се шпекулира дека со него ќе заминат и неговиот долгогодишен помошник Димитрис Итудис.
Што се однесува за Панатинаикос, засега најголеми шанси за нов тренер му се даваат на Илијас Зурос, селекторот на Грција, како и на искусниот Аргирис Педулакис.

Најнови вести