Корисничко име Лозинка Пријави се
08.11.2017

Манџукиќ ќе игра против Грција

Марио Манџукиќ, напаѓачот на Хрватска, е подготвен да настапи против Грција, во натпреварот од баражот за Светското првенство 2018 година.

Манџукиќ го повреди бутниот мускул во победата на Јувентус над Беневенто (2-1), во која ги одигра само последните 12 минути.
Не беше сигурно дали ќе може да настапи во двомечот за „огнените“, но медицинските анализи покажаа дека нема оштетување на мускулот.
Тоа е олеснување за Јувентус и за Хрватска, која утре ја дочекува Грција на „Максимир“ во Загреб, во првиот натпревар од баражот за Мундијалот 2018 година.
Манџукиќ ќе работи индивидуално за да избегне нова повреда и за да биде целосно подготвен за натпреварот.

Најнови вести