Корисничко име Лозинка Пријави се
08.1.2013

Панатинаикос го отпушти Роча

По помалку од два месеци на клупата на сениорската екипа на Панатинаикос, 66-годишниот аргентинскиот стручњак Хуан Рамос Роча е сменет и вратен на местото тренер на младинската екипа.

Роча во ноември минатата година по трет пат стана тренер на грчкиот гигант, наследувајќи го отпуштениот португалски стручњак Жезуалдо Фереира. Но не донесе подобрување на резултатите, па и тој многу брзо мораше да ја напушти клупата.
Панатинаикос најави дека името на новиот тренер ќе го објави денес, а локалните медиуми како фаворит го споменуваат 73-годишниот Полјак Јацек Гмох, кој во минатото веќе два пати го водеше атинскиот клуб.
Панатинаикос се наоѓа на деветтото место на табелата на грчкото првенство, само со пет победи во досегашните 16 кола.

Најнови вести