Корисничко име Лозинка Пријави се
05.2.2013

Спортинг остана без Управата

Раководството на Спортинг од Лисабон поднесе колективна оставка по серијата лоши резултати.

Управата на португалскиот фудбалски клуб Спортинг, предводена од претседателот Луис Годињо Лопес, денес поднесе колективна оставка по серијата лоши резултати на клубот.
„Новите избори за членови на Управниот одбор се закажани за 23-ти март“, соопшти претседателот на Генералното собрание на лисабонскиот клуб, Едуардо Баросо.
Спортинг моментно е деветти во португалското првенство, со заостанување од 26 бодови зад водечките Порто и Бенфика.
Откако Годињо во март 2011 година го презеде Спортинг, на кормилото на клубот се сменија пет тренери – Домингуш Пасиенсија, Рикардо Са Пинто, Осеано да Круз, Франк Веркаутерен и Жезуалдо Фереира.
Спортинг, кој последен пат титулата ја освои во 2002 година, последните три сезони завршуваше со 16, 28 и 36 бодови зад шампионот.

Најнови вести