Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2013

Прањиќ го напушти Спортинг и прејде во Панатинаикос

Даниел Прањиќ, триесет и едно годишниот хрватски фудбалер, го раскина договорот со Спортинг Лисабон и кариерата ќе ја продолжи во грчкиот Панатинаикос.

Прањиќ имал договор со Спортинг до 2015 година, но незадоволен од својот статус во клубот побарал раскин. Минатата сезона како позајмен фудбалер настапуваше во Селта, а и Спортинг сакал да ја прекине соработката поради високите примања на поранешниот хрватски репрезентативец.
Во Панатинаикос ќе игра заедно со уште еден хрватски интернационалец, Гордон Шилденфелд, а тимот од Атина во новото првенство има една победа и еден пораз.

Најнови вести