12.9.2012 Карагунис потпиша за Фулам
Во слободен трансфер, реализиран надвор од преодниот рок, уште едно засилување доведе лондонскиот фудбалски премиерлигаш Фулам. Станува збор за грчкиот 35-годишен играч за врска Јоргос Карагунис.
Ветеранот на лондонскиот клуб му се приклучи откако му истече договорот со атинскиот Панатинаикос и по настапот за Грција на Европското првенство.
Составот на Мартин Јол со тоа дополнително ги закрпи дупките што настанаа со заминувањето на Муса Дембеле и Клинт Демпси во Тотенхем.
Паралелно со загубите во текот на последниот ден од преодниот рок Фулам ги доведе Ашкан Деага од Волфсбург и Димитар Бербатов од Манчестер јунајтед.